ММФ со нови проекции за Македонија. Оптимистички за економскиот раст, Фондот очекува економијата да порасне за три проценти. Сепак, ќе растат и цените, проекцијата е дека годинава Македонија ќе има инфлација од три отсто. Прогнозите се блиски до владините, но растот на потрошувачките цени тешко го поднесуваат граѓаните. Во услови на смрзнати плати и се поголема сиромаштија, експертите сугерираат Владата итно да направи стратегија за борба со поскапувањата. Владата треба да подготви стратегија за борба против осеќање на директните удари на овие глобално растечки цени. Тоа би било поглед на зголемување на субвенциите кои што ќе ги дава во поглед на искористување на стоковите резерви, како и користење на одредени системи, односно мерки од протекционистичка природа.
ММФ со нови проекции за Македонија. Оптимистички за економскиот раст, Фондот очекува економијата да порасне за три проценти.
Сепак, ќе растат и цените, проекцијата е дека годинава Македонија ќе има инфлација од три отсто.
Прогнозите се блиски до владините, но растот на потрошувачките цени тешко го поднесуваат граѓаните.
Во услови на смрзнати плати и се поголема сиромаштија, експертите сугерираат Владата итно да направи стратегија за борба со поскапувањата.
„Владата треба да подготви стратегија за борба против осеќање на директните удари на овие глобално растечки цени. Тоа би било поглед на зголемување на субвенциите кои што ќе ги дава во поглед на искористување на стоковите резерви, како и користење на одредени системи, односно мерки од протекционистичка природа“, изјави Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.
За една година маслото и маснотиите поскапеа за 35 проценти, овошјето за 12 проценти, цената на шеќерот и кондиторските производи се зголеми за повеќе од 10 отсто. Раст има и кај горивата, постојано поскапува лебот.
Владата засега само ја намали царината за увозниот шеќер на 5 проценти, нема најава за намалување на акцизите.
„Во Македонија за разлика од развиените земји, учеството на храната во потрошувачката кошничка е многу повисоко, од на пример во Германија или во Америка, луѓето овде трошат многу повеќе од нивните приходи за купување храна“ Сем Вакнин, аналитичар
Поскапувањата неминовно удрија по џебот на граѓаните, се пожалија за Индекс.
„Она што ми е најнеопходно го купувам, тоа што не е, не“,
- Многу тешко, јас не сум работел нигде, само жена ми работи и зема седум илјади, тоа е“,
- Кај ќе ни биде крајот ако вака се продолжи“, велат граѓаните.
Дали ќе има нови поскапувања. Во пресметки веќе влегоа такси и градските превозници, мелничарите од полошко најавија дека ќе бараат нови цени на лебот, водата во Штип поскапе.
За да се купи социјалниот мир, цената на струјата засега останува иста.